NLB Pay Makedonija
Icon NLB Pay Makedonija

NLB Pay Makedonija

by NLB Banka AD - Skopje

An application for contactless payments with a mobile device

App NameNLB Pay Makedonija
DeveloperNLB Banka AD - Skopje
CategoryFinance
Download Size18 MB
Latest Version4.8.0
Average Rating2.67
Rating Count721
Google PlayDownload
AppBrainDownload NLB Pay Makedonija Android app
Screenshot NLB Pay Makedonija
Screenshot NLB Pay Makedonija
Screenshot NLB Pay Makedonija
Screenshot NLB Pay Makedonija
NLB Pay – мобилен паричник!

NLB Pay мобилниот паричник Ви овозможува да реализирате бесконтактни плаќања на ПОС терминалите и банкоматите во земјата и странство преку дигитализација на Вашите НЛБ Платежни картички од програмата на Visa и Master Card во Google Pay како и да ги дигитализирате и употребувате сите Ваши картички за лојалност.

Начинот на плаќање е едноставен, брз и безбеден. За да платите, потребно е само да го приближите Вашиот мобилен телефон до бесконтактниот ПОС терминал или банкомат.
NLB Pay апликацијата може да се користи на мобилни телефони со Андроид оперативен систем 7.0 и повисока верзија)

Откако продавачот ќе го внесе и потврди износот за плаќање, само приближете го Вашиот мобилен телефон до ПОС терминалот и Вашето плаќање е реализирано. Сите плаќања направени со вашите картички дигитализирани во NLB Pay мобилниот паричник се прикажани во делот „Трансакции“.

Чекор 1: ПРЕЗЕМАЊЕ

Преземете ја NLB Pay Makedonija апликацијата од Google Play.

Чекор 2: АКТИВИРАЊЕ

• Внесете го Вашиот ЕМБГ (единствен матичен број на граѓанинот) и Вашиот телефонски број кој е пријавен во НЛБ Банка.
• Внесете ја еднократната лозинка која ја добивте преку СМС порака и валидирајте една картичка со ПИН код од картичката.
• Дефинирајте своја лична 4 цифрена лозинка и Вашиот NLB Pay мобилен паричник е активиран. Можете да пристапите до NLB Pay користејќи ја автентикацијата преку биометрија, ако оваа опција е поддржана од Вашиот телефон.
• Овозможете ги платежните картички кои сакате да ги дигитализирате во NLB Pay (овозможувањето се прави со верификацијата на ПИН кодот на картичката).
• Изберете ja НЛБ Mastercard / Visa картичката која најчесто ја користите за плаќање како главна картичка и следете ги инструкциите за да ја дигитализирате преку Google Pay. Можете да ги додадете и другите предходно овозможени НЛБ картички во Google Pay со избор на копчето „Додаj во G Pay”

ЧЕКОР 3: КОРИСТЕЊЕ

• За да извршите плаќање со главната картичка потребно е само да го отклучите Вашиот мобилен телефон и да го приближите до ПОС терминалот или банкоматот. Доколку сакате да платите со друга картичка која не е поставена за главна, потребно е да ја активирате NLB Pay апликацијата, да ја изберете картичката со која сакате да платите и да го изберете копчето „Плати”.

Важно:
• NLB Pay е достапен за корисниците на Mastercard и Visa платежните картички на НЛБ Банка



ЧЕКОР 4: ДИГИТАЛИЗИРАЊЕ НА КАРТИЧКИ ЗА ЛОЈАЛНОСТ

• Изберете го делот за лојалност во NLB Pay апликацијата
• Сликајте ја картичката за лојалност и поставете ја во рамката
• Сликајте го бар кодот на картичката за лојалност (сликањето на бар кодот започнува со избирање на знакот – ) или рачно внесете ги податоците за бар кодот
• Внесете ги опционалните податоци за имател на картичката за лојалност, трговецот кој ја издал и внесете опис на картичката за полесно препознавање.
• По успешното додавање на картичката за лојалност, за да се користи истата, потребно е само да се најавите во аплиакцијата, да ја изберете картичката за лојалност и да му ја покажете на трговецот за скенирање на бар кодот

Повеќе информации на следниот линк: https://bit.ly/43oK3Ih

Recent changes:

• Display of the PIN code of the payment card
• Display of the currencies in the list of transactions
• Visual upgrade in the "Loyalty" section - digitalization of loyalty cards, including loyalty cards from local points of sale.

More apps from the developer

Related Apps

More Apps like NLB Pay Makedonija